Доколку предвреме биде прекината соработката со аргентинскиот интернационалец Лаутаро Мартинез, раководните лица на италијанскиот калчо гигант Интер ќе се обидат да ги осигураат услугите на брзоногиот напаѓач од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг.
Мартинез има ослободителна клаузула во својот договор вредна 110 мил. евра и истата најверојатно ќе биде активирана од челниците на каталонскиот гигант Барселона. Интернационалецот од Габон е проценет на околу 80 мил. фунти.