Властите во Србија добиваат сигнали дека официјален Вашингтон не гледа позитивно на изборот на новиот директор на БИА, Александар Вулин.
Според сознанијата на Н1, официјален Белград досега неколкупати добил слични дипломатски пораки, а последната била од американскиот амбасадор Кристофер Хил на средбата со министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ во понеделникот на 9 јануари.
Н1, повикувајќи се на сигурни дипломатски извори, наведува дека амбасадорот Хил му рекол на Дачиќ дека соработката со БИА ќе биде „длабоко замрзната“ во наредниот период и дека по разговорите во Вашингтон било заклучено дека „кадровските решенија“ во Безбедносно информативната агенција (БИА) претставуваат голем проблем за САД.
Вулин во времето кога беше министер за полиција имаше неколку средби со секретарот на Советот за национална безбедност на Русија, Николај Патрушев.