Близок извор до таборот на каталонскиот гигант Барселона откри дека раководните лица со големо внимание ја следат ситуацијата околу уругвајскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Дарвин Нуњез. Напаѓачот се уште ги нема оправдано големите очекувања на клупските челници и затоа во игра е и опцијата да биде продаден на крајот од сезоната.