Нов член во ексклузивниот клуб на ултрабогатите: Марк Зукерберг стана четвртиот најбогат човек во светот

76

Основачот на Фејсбук и директор на компанијата „Мета“ Марк Зукерберг стана четвртиот најбогат човек во светот, приклучувајќи се на клубот на богати луѓе со повеќе од 200 милијарди долари во кој имаше тројца милијардери – Илон Маск, Џеф Безос и Бернард Арно.

Неодамнешните податоци од индексот на милијардери на Блумберг покажуваат дека Закерберг го зголемил своето лично богатство за неверојатни 73,4 милијарди долари во 2024 година на 201 милијарда долари, јавува денес Си-Ен-Ен.

Извршниот директор на „Тесла“ и социјалната мрежа X Илон Маск ја предводи најбогатата четворка со 272 милијарди долари, следен од основачот на „Амазон“, Џеф Безос чија сметка изнесува 211 милијарди долари и основачот, претседателот и извршен директор на најголемата светска компанија за луксузни стоки LVMH Бернард Арно. со 207 милијарди долари, а според последните податоци во „клубот 200“ сега им се придружил и Зукерберг.

Четириесетгодишниот Марк Зукерберг, кој го основа Фејсбук во 2004 година, има голем дел од своето богатство врзано за акциите на платформата Мета, чии акции се зголемија за речиси 64 отсто во 2024 година.

Минатата среда, акциите на „Мета“ пораснаа за 0,9% и достигнаа рекордно високо ниво од 568,31 долари во тргувањето тој ден, но благо паднаа во петокот на 567,36 долари, според Си-Ен-Ен.

Мета управува со популарните платформи за социјални медиуми Facebook, Instagram и Threads, како и апликацијата за пораки WhatsApp.