НОВ ЧЕКОР ВО ИСТРАГАТА: Сослушан школски другар на убиецот на Данка Илиќ, пребарани резервоари за вода

4036

Полицијата во селото Злот го сослушала и школскиот другар Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиство на двегодишно девојче.

Според неофицијални информации, полицијата тропнала на вратата на школски другар на осомничениот Драгијевиќ.

– Инспекторите на УКП го интервјуираа школскиот другар на Дејан кој се вика Сима и живее во село Злот. Не се знае какви информации им открил, а во меѓувреме се пребарале и други резервоари за вода – вели изворот на Информер.

– Покрај потокот има три резервоари со кои некогаш се наводнувале нивите, сега само ги празнат до дното за да видат да не е таму фрлено детето – рекол еден од соседите.

Како што пишуваше српски „Блиц“, претходно на имотот на семејството Драгијевиќ пристигнала Итната помош, по што следеле 15-ина инспектори.

Да потсетиме, Данка исчезна на 26 март, една недела подоцна се дозна дека девочето кое штотуку почнало да живее е монструозно убиено, а убијците прво и го фрлиле телото во депонија.

Телото на несреќното дете наводно оттаму на непознато место го однел Дејан заедно со членовите на неговото семејство. По апсењето, уапсени се неговиот татко и помалиот брат, кој почина на денот кога требаше да биде сослушан во Обвинителството.

Потрагата по телото на несреќното дете сѐ уште трае.

Мајката на убиецот на Данка ја нападна полицијата
Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, осомничен за убиството на Данка Илиќ, им се пожали на новинарите дека при претресот полицијата и ја уништила куќата и го ископала дворот.

– Денеска бев на гробишта, подготвив сѐ за погребот на мојот син Далибор во четврток. Купив и кутија и цвеќиња и сѐ… Во хаос сум, брзата помош пак ќе дојде – се пожали таа.

Пожарникари и полиција пред куќата на осомничениот за убиството
Четири теренски возила и две полициски возила во моментов се наоѓаат пред куќата на Дејан Драгијевиќ од Злот, кој е осомничен за убиството на Данка Илиќ.