Нов селектор за еден месец,  домашен или повторно странец?

60

Македонската ракометна федерација не се прослави на неодамна завршеното Светско првенство во Данска и Германија. „Црвено – жолтите“ под водството на шпанскиот стручњак Раул Гонзалез го осовија 15. место на Мундијалот, а тоа беше доволна причина да биде раскината соработката со Ракометната Федерација на Македонија.

Но, челниците на федерацијата немаат многу време за размислување и затоа во наредните неколку дена и официјално ќе распишат конкурс за нов селектор на сениорската репрезентација.

-Процедурата ќе се следи како вообичаено, прво и официлано ќе го раскинеме договорот со Раул, а потоа ќе се формира комисија, по што ќе биде објавен и конкурс за селектор. Името на новиот селектор би можело да биде познато за еден месец – открија за „екипа.мк“ од куќа на ракометот.

Меѓутоа се поставувува прашањето дали новиот селектор повторно ќе биде странец или пак на клупата на репрезентацијата ќе седне некој од македонските тренери.

Како една од опциите за нов селектор е поранешниот заменик на Гонзалез, Роберто Гарсија Парондо, кој моментно работи како тренер на македонскиот шампион Вардар Но, челниците на РФМ сакаат долгорочно решение за селекторската функција, откако последните два избори, Лино Червар и  Раул Гонзалез, си заминаа пред истекот на договорот. Трите селектори што актуелното раководство на федерацијата ги именуваше беа странци (Обрван, Червар, Гонзалез), затоа интересно ќе биде да се види дали повторно ќе биде направен сличен избор, или ќе биде избрана домашен стручњак.

Последен македонски селектор беше Звонко Шундовски со кого Македонија го направи најдобриот резултат на ЕП 2012 година – петто место,  а си поднесе оставка на функцијата по СП 2013 година.