Нов предизвик „Косово е Србија“ ги „запали социјалните мрежи“: Дачиќ го прифати предизвикот

733

„Косово е Србија – е најновиот предизвик кој масовно се шири на социјалните мрежи, Целта на овој предизвик е овие зборови да се напишат на банкнота од еден долар или пет евра и со нив нешто да се купи, со што ќе бидат пуштени во промет.

Овој тренд се појави на Инстаграм, каде многу корисници почнаа да објавуваат слики со овие зборови напишани на банкнота од едно или пет евра.

Предизвикот достигна невидени размери, особено кога во него се вклучи министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ. Тој на банкнота од 100 долари напишал „Косово е Србија“.

https://www.instagram.com/p/ByQwfe7pJLq/?utm_source=ig_web_copy_link