Нов пожар избувна во Хрватска: Гори кај Макарска, пожар ја зафати касарната кај Задар, детонации се слушаа кај Скрадин

1655
Фото:принтскрин/Индекс.хр

Хрватските пожарникари се уште се борат со пожарот кај Скрадин и Задар, а сега поради пожарот кај Макарска патот е затворен, поради што сообраќајот е пренасочен на заобиколен пат, пренесува Индекс.хр.

Пожарникарите од Макарска, Омиш и Сплит го гаснат пожарот што вечерта избувна во Тучепи. Гори трева и маки, а поради ветерот пожарот брзо се шири.

Пожар ја зафатил касарната кај Задар, детонации се слушаат кај Скрадин

„Патот Д 512 во градот Горњи Тучепи е затворен поради гаснење на пожар кој избувнал на отворен простор“, соопшти полицијата, пренесува Индекс.

Пожарот кај Скрадин проголта околу 500 хектари ниска вегетација и борова шума. Најтешка е состојбата на делницата Рупа – Пластово, а постои можност пожарот да се прошири во правец на Дубравица и Националниот парк Крка.

Во моментов на гаснење на пожарот работат 125 пожарникари и 45 возила и воздухопловни сили кои беа ангажирани и во пожарот кај Задар.

Пожарот во месноста Смоковиќ кај Задар во еден момент навлегол во просторот на касарната, но ширењето на пожарот било спречено. Пожарникарите и полицијата евакуираа деца и стари лица од блиската ромска населба. Состојбата на терен моментално е задоволителна, а пожарникарите активно работат на гаснење на пожарот, јавува Танјуг.