Нов договор за Ибракадабра

766

Раководните лица на италијанскиот калчо гигант Милан ќе се обидат и тоа во најбрз можен рок да ја продолжат соработката со шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ. Иако има 39-години, Ибракадабра е најдобар стрелец во италијанската Серија А и е најзаслужен за лидерската позиција на Милан во домашниот шампионат. Челниците на „црвено-црните“ не кријат дека сакаат Златан да остане на „Сан Сиро“ до крајот на сезоната 2021/2022.