Пукање во Арачиново: На Клинички донесен 42-годишен маж со прострелна рана во ногата

15

Синоќа во 20.50 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен Ќ.Д.(42) од с.Арачиново-скопско со повреди од огнено оружје во пределот на десната нога, информира МВР.

– Од страна на полициски службеници излезено било на местото на настанот и констатирано било дека околу 20 часот Ќ.Д. од едно лице бил повикан да излезе пред вратата од неговата куќа, по што лицето пукало кон него. На местото на настанот биле пронајдени две чаури од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во соопштението од МВР.