Два нови вооружени напада се случија доцна во саботата во САД, едниот во Филаделфија, а другиот во Аризона. Во пукотницата што се случи во саботата околу полноќ во Филаделфија, убиени се најмалку три лица, а потврдено е за 14-мина повредени. Како што наведуваат американските медиуми, пукотницата се случила на популарна улица во Филаделфија, а полицијата информираше дека во нападот учествувале „повеќе стрелци“, кои пукале кон луѓето.
– Може да замислите дека кога се случило пукањето, имало стотици луѓе кои уживале на Јужната улица, исто како и секој викенд – рекол полициски службеник за „Њујорк тајмс“.
На местото на пукотницата се пронајдени два пиштола, но полицијата не може да потврди дали се работи за повеќемина напаѓачи додека не ги прегледа надзорните камери од околните продавници.
Looks like shooting travelled down South Street — signs of pandemonium stretching several blocks. Broken car window glass. Knocked over trashcans. pic.twitter.com/Wg3GVURFFj
— Max M. Marin (@MaxMMarin) June 5, 2022
Едно девојче загина, а осум лица се повредени во пукотница што се случила во трговски центар во градот Феникс, во американската сојузна држава Аризона. Во престрелката се ранети девет лица, кои се пренесени во болница, а 14-годишно девојче им подлегнало на повредите, пренесе АП.
Градоначалничката на Феникс, Кејт Галего, реагираше на Твитер и напиша: „Се чини дека не може да помине ниту еден ден без пукање на јавно место. Времето истече, промените мора веднаш да се случат“.
Непрофитната организација Gun Violence Archive објави дека од почетокот на годинава во САД се случиле речиси 240 масовни престрелки. Масовно пукање во Соединетите Држави се смета за она во кое се убиени или повредени најмногу четворица или повеќемина.