Нови 48 случаи на Ковид-19, четворица починати 

49

Во последните 24 часа се направени 387 тестирања, при што регистрирани се 48 нови случаи на Ковид-19, починати се четири лица, а оздравеле 61 пациент, соопшти денеска Министерството за здравство.

Од новорегиустрираните случаи најмногу се во: Скопје-20, Куманово-3, Дебар-1, Прилеп-3, Тетово-1, Струмица-4, Кочани-9, Пробиштип-1, Пехчево-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент од: Скопје-21, Куманово-3,  Штип-2, Тетово-5, Струга-6, Битола-1, Гостивар-4, Гевгелија-2, Крива Паланка-2, Радовиш-3, Кочани-6, Пробиштип-2, Виница-2, Свети Николе-1, Кичево-1.

Во болнички услови се починати четири пациенти од Скопје (73 и 62г), Куманово (69г) и Тетово (72г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17674, бројката на оздравени пациенти е 14642, на починати е 729, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2303. Од вчера се регистрираат три контролни теста, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6901, активни 681

• Куманово 1748, активни 181

• Дебар 285, активни 43

• Штип 1251, активни 51

• Прилеп 670, активни 131

• Тетово 1425, активни 169

• Струга 664, активни 52

• Велес 319, активни 34

• Битола 296, активни 58

• Охрид 421, активни 44

• Кавадарци 236, активни 49

• Гостивар 928, активни 99

• Гевгелија 125, активни 51 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 234, активни 151

• Крива Паланка 107, активни 27

• Радовиш 76, активни 15

• Крушево 20, активни 3

• Кочани 349, активни 152

• Пробиштип 111, активни 20

• Демир Хисар 61, активни 2

• Македонски Брод 92, активни 13

• Пехчево 44, активни 4

• Берово 102, активни 38

• Валандово 31, активни 22

• Виница 110, активни 29

• Делчево 160, активни 86 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 24, активни 0

• Свети Николе 343, активни 38

• Кичево 324, активни 38

• Ресен 164, активни 16

• Неготино 53, активни 6 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 387 теста се преку: ИЈЗ-182, ЦЈЗ Скопје-11, Авицена-0,  Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-78, Систина со PCR метода -104, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-2, ГАК-10, Синлаб-0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 185.708 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 70 пациенти. На кислородна поддршка се 33 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 7 деца  и 7 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 36 пациенти. На респиратор се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 173, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 57

• Гази Баба – 77

• Аеродром – 107

• Карпош – 86

• Центар – 97

• Кисела Вода – 78

• Ѓорче Петров – 52

• Бутел – 30

• Шуто Оризари – 17

• Студеничани – 9

• Сарај – 11

• Арачиново – 7

• Илинден – 28

• Сопиште – 2

• Чучер Сандево – 5

• Петровец – 7

• Зелениково – 2

• Странец – 7

• Нераспределен-2.