Нови шестмина тиквешани позитивни на Ковид-19, еден на Инфективно во Велес

52

Нови шест случаи позитивни на коронавирус се регистрирани изминатото деноноќие во Тиквешијата. Информацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Станува збор за пет лица од машки, а едно од женски пол. Четворица се од Кавадарци, двајца од Неготино. Сите се на возраст од 16 до 75 години. Двајца се контакт на заболен во семејството. Сите се со симптоми, 75-годишниот неготинец е хоспитализиран на Инфективно одделение во Велес. Останатите петмина се со лесна клиничка слика на домашно лекување, појасни Јовановски.

Се работи на утврдување на нивните контакти со цел да се изолираат.

Извор:МИА