Нови чешми за пиење вода во Аеродром и Ново Лисиче

616

Се поставуваат нови чешми за пиење вода на 30 локации низ општина Аеродром.

– Новите чешми се со посовремен дизајн, со горен и долен сливник, со временски потисен вентил (тастер) и со автоматска деактивација до 10 секунди. Со поставувањето на новите чешми ќе се постигне значителна заштеда на вода – информира градоначалникот Златко Марин.

Жителите на Аеродром и Ново Лисиче ја поздравија акцијата, со забелешка да се постави една чешма на просторот кај последната станива 5-ка.

– Ќе ве замолам да се постават фонтани и на улица „Февруарски Поход“ и околните згради, станарите бараат ама реакција слабо некако, првенствено за децата да имаат од каде да се напијат – бараат жители од овој реон.