На социјалните мрежи продолжуваат да се шират видеа од дивата забава на студентите на 12 кинезиолошки факултети од Хрватска и регионот.
Лустери наместо чаши, фрлање прозорци низ прозорец – сето тоа може да се види на новите снимки, пишува хрватскиот портал„24сата.хр“.
– Беше тоа вистински крах и брејк. Сите дојдовме овде да се опуштиме, а некои малку ја преминаа границата, како што можете да видите. Да не зборуваме како снимаа сѐ и се фалат со тоа на мрежите – изјавил студент кој учествувал на „Дифовијадата“ за хрватски „24 сата“.
На претходната снимка можеше да се види инвентарот на хотелот, скршени стакла, пивски шишиња на покривот, тоалет кој изгледа како да е запален.
Претседателот на Сојузот на студенти на Хрватска за уништениот хотел во Охрид изјавил: „Пожарот е предизвикан од инсталациите“.
– Многу сме изненадени. Имаме големи групи студенти кои доаѓаат да се дружат овде. Никогаш до сега немало проблем – изјавил претходно хотелскиот менаџер во Охрид.