Нови обвинувања на принцот Хари: „Тие беа среќни да лажат за да го заштитат Вилијам, но не и за Меган“

1514
Фото: screenshot Twitter

Во трејлерот за вториот дел од документарна серија „Хари и Меган“, принцот Хари упатува нова серија обвинувања за третманот во медиумите и во кралското семејство и тврди дека не биле подготвени да ја кажат вистината за ги бранат него и Меган, додека тие лажеле за Вилијам.

Наскоро доаѓа вториот дел од документарната серија за принцот Хари и Меган Маркл, а вчера беше претставен трејлерот за продолжението.

Останатите епизоди се чини дека носат нови обвинувања против кралското семејство, а говорејќи во трејлерот, принцот Хари рече дека се „среќни што лажеле за да го заштитат неговиот брат“, но никогаш не биле подготвени да ја кажат вистината за да ги заштитат него и Меган.

Иако трејлерот не покажува на кого мислел Хари кога обвинувал, снимката од Бакингемската палата е прикажана во позадина.

Исто така, Меган продолжува со обвинувањата, велејќи дека „не била фрлена кај волците, туку била храна за волците“.

Во првите три епизоди од новата серија, поранешните членови на кралското семејство предизвикаа контроверзии бидејќи беше откриено дека користеле лажни фотографии за да го истакнат медиумскиот надзор на кој постојано се изложени.

По серијата следеше анкета во Велика Британија, чии резултати укажуваат дека жителите сакаат на парот да му се одземат титулите.

Серијата на Нетфликс е еден од бројните проекти што ги започнаа војводата и војвотката од Сасекс, а наскоро пристигнуваат и мемоарите на принцот Хари.