Нови информации: Позната состојбата на повредените во несреќата во Нови Сад

121

Управникот на Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина, Драган Николиќ, изјави дека тројцата повредени при уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад сѐ уште се во тешка состојба и дека двајца од нив во моментов се свесни.

Еден пациент сѐ уште е на механичка вентилација.

Николиќ за новосадската телевизија изјави дека треба да се внимава со прогнозите за нивната општа здравствена состојба.

„Сѐ уште се во животна опасност, се очекуваат периоди со секундарни компликации од тие повреди“, изјави Николиќ.

Во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември загинаа 14 лица, а три лица беа тешко повредени.