Нови изданија: Објавена серија книги за кинеската мудра мисла

94

“Клучните концепти во кинеската мисла и култура” во пет тома, двојазично – на македонски и на англиски јазик, е серијата книги која неодамна ја објави издавачката куќа “Македоника литера” од Скопје.

“Оваа серија ги содржи најсуштинските мисли, концепти и фрази кои во период од неколку милениуми ги создал кинескиот народ и кои и денес се од суштинско значење за кинеската филозофија, хуманистичкиот дух, начинот на размислување и вредностите. Овие концепти и изрази се одраз на мудроста на кинескиот народ, на неговата длабока духовна потрага, како и на длабочината и широчината на неговата мисла”, ќе посочи издавачот истакнувајќи дека секој том содржи по сто клучни мисли, за кои се дадени концизни и прецизни објаснувања, поткрепени со цитати, а доминира старокинеската мудра мисла.

“Освен предговор на три јазици (македонски, кинески и англиски), секој том содржи и прилози: список на клучните мисли, куса хронологија на кинеската историја”, додава издавачот посочувајќи дека за другите народи овие мисли ја отвораат вратата за разбирање на духовниот свет на современа Кина и на кинескиот народ.