Нови детали: Серискиот убиец од БиХ се подготвувал за масакр

58

Полициските службеници и двајца обвинители од Кантонот Сараево завршија со увидот на местото на кое беше ликвидиран убиецот Един Гачиќ. Како што дознава Кликс.ба, тој бил исклучително добро опремен и вооружан кога влегол во престрелката со полицијата.

Како што пишува порталот, за време на престралката убиецот користел пиштол што го зел од една од неговите жртви, полицаецот Махир Бегиќ.

Количината на муниција пронајдена кај него откако е ликвидиран, покажува дека бил добро опремен и се подготвувал за крвава пресметка, заклучува порталот.

Полицијата и обвинителите работеле под тешки околности поради силниот снег, непристапниот терен и мракот. Увидната екипа морала да пешачи 45 минути по патот прекриен со снег, бидејќи на теренот немало пристап за возила.

Врз телото на убиецот ќе биде извршена обдукција, по што случајот ќе биде затворен.

Серискиот убиец, Един Гачиќ беше ликвидиран во вторникот по неколку дневно бегство. Откако полицијата го пронашла дошло до престрелка во која еден полициски службеник се здоби со полесни повреди.