Нови детали поврзани со смртта на Метју Пери: Еден од лекарите обвинети за смртта на актерот доби забрана да се занимава со медицина

103

На лекарот кој е меѓу петтемина обвинети за предозирање со кетамин на американскиот актер Метју Пери, федералниот суд во Лос Анџелес доби забрана да се занимава со медицина.

Д-р Марк Чавез се појави пред федералниот окружен суд во Лос Анџелес под обвинение за заговор за незаконско дистрибуирање на кетамин и му беше дозволено да остане на слобода со кауција од 50.000 долари, пренесува Ројтерс.

Тој претходно потпиша договор за признавање вина со федералните обвинители, а како дел од тој договор му беше одземен пасошот и му е забрането да се занимава со медицина.

Адвокатот на Чавез рече дека неговиот клиент се кае за смртта на некој кој побарал лекарска помош.