Новите цени на личните документи удрија по џебот на граѓаните – Пасошот поскапе за 500 денари, личната карта за 120 денари, а возачката за 130 денари!

Според новиот ценовник, пасош во редовна постапка за лицата до 27 години останува непроменета, но цената на пасошот за лицата над 27 години е зголемена за 500 денари и изнесува 2.000 денари. Цената за добивање пасош по итна постапка поскапе за 1.600  и изнесува 6.100 денари. При вадењето пасош, на овие цени се наплаќа и административна такса од 300 денари. Тоа значи дека секој граѓанин кој ќе вади нов пасош ќе треба да плати 2.300 денари. Вадењето возачка дозвола во редовна постапка изнесува 410 денари, додека возачка во итна постапка сега чини 1.230 денари, што е зголемување за 390 денари. На овие цени се наплаќаат дополнителни 110 денари за административна такса. Нова лична карта сега чини 310 денари.

5639

Најавено – реализирано. Министерството за внатрешни работи, кон крајот на март   обелодени дека ќе има поскапување на новите личните документи, а деновиве најавата ја реализира. Повисоките цени за вадење на личните документи беа донесени со одлука на Владата, а од МВР, како што соопштија за весникот ВЕЧЕР поскапувањето се должи на „ зголемените набавни цени на увезените обрасци, зголемените трошоци за одржување на системот кој се врши од страна на странски економски оператор, како и набавката на нови машини поради укажаната потреба од замена на веќе дотраените машини за персонализација, итн.“.

Според новиот ценовник, цената за пасош во редовна постапка за лицата до 27 години останува непроменета, но цената на пасошот за лицата над 27 години е зголемена за 500 денари и изнесува 2.000 денари. Цената за добивање пасош по итна постапка е зголемена за 1.600 денари и изнесува 6.100 денари. При вадењето пасош, на овие цени се наплаќа и административна такса од 300 денари. Тоа значи дека секој граѓанин кој ќе вади нов пасош ќе треба да плати 2300 денари.

За 130 денари е поскапено и вадењето возачка дозвола во редовна постапка и изнесува 410 денари, додека добивањето возачка дозвола во итна постапка чини 1.230 денари, што е зголемување за 390 денари. На овие цени се наплаќаат дополнителни 110 денари за административна такса. Нова лична карта сега чини 310 денари.

Покрај оваа промена на цените, граѓаните се во исчекување и на најавеното решение за употреба на налепници со „NМК“ на регистарските таблички наместо промена со нови.

– Во владина постапка е предлогот за употреба на налепници со NМК ознака на регистарските таблички и по добивање зелено светло од Владата, ќе се пристапи кон донесување правилник за изменување и дополнување на правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на пробните таблички, формата и содржината на регистарските таблички и на пробните таблички на возилата, како и начинот и постапката на нивно издавање, од страна на министерот за внатрешни работи – информираат за весникот ВЕЧЕР од МВР.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пред два месеца, најави дека едно од решенијата што се разгледувале во Министерството било ставањето налепници на регистарските таблички, со што „без некаков трошок или многу мал трошок, да се задоволи тој законски момент“.

– За нас е важно да се донесе најдоброто решение за граѓаните и да се остави опционална можност, ако сака граѓанинот да ја смени табличката, ако сака да стави налепница. Тоа би било едно од можните решенија. Јас очекувам дека наскоро ќе го дефинираме и ќе излеземе пред јавноста. Ние стоиме на располагање, преку измени во упатствата, да имаме поповолно решение за секој од нас – рече министерот Спасовски.

До февруари 2024 година, граѓаните имаат законска обврска да ги сменат сите лични документи на кои наместо досегашното име Република Македонија, треба да стои новото име Република Северна Македонија, кое произлезе од Преспанскиот договор.

Ова значи дека граѓаните кои досега не го сториле тоа затоа што имале важечки документи, за помалку од една година ќе мора да ги сменат личната карта, пасошот, возачката дозвола, сообраќајната дозвола, но и регистарските таблички по повисоки цени. (П.Ч.)