Новиот тренер Гиљермо Милано, пристигна во Скопје и почна да ги води тренинзите на Вардар. Милано имаше неколку тренинзи со тимот и лично се запозна со секој од ракометарите.
Екипата тренира во „Јане Сандански“ а поштеда имаат само неколкумина ракометари кои се жалат на ситни повреди.
Милано треба да дебитира на клупата на „црвено-црните“ во сабота на мечот против Струга од 11. коло на Супер лигата.
Фото: РК ВАРДАР