Хрватската ракометна федерација донесе нов селектор, а еден од најскапите  стручњаци во светот Ислаѓанецот Дагур Сигурдсон, веднаш направи големи промени. Првиот список што го исфрли е за квалификациите за Олимписките игри, а на него го нема мозокот на тимот и поранешен играч на македонскиот шампион Вардар, Лука Циндриќ. Тој беше еден од најзаслужните ракометари за освојувањето на европските титули на Вардар во 2017 и 2019 година

Брилијантниот среден бек, кој во последните години го мачат повреди, е изоставен од тимот кој од 14 до 17 март ќе го игра квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Париз. Тој не е единствениот надвор од списокот, бидејќи го нема ниту Иван Мартиновиќ, но причината за отсуството на десниот бек Рајн Некар Левена е повреда.

Од очекуваните играчи на списокот го нема пивотот Верона Начиновиќ, а на списокот на резервистите се Марко Копљар, Ловро Михиќ, Јосип Шарац и голманот Кристијан Пилиповиќ.

Првиот натпревар Хрватска на квалификацискиот турнир ќе го има против Австрија, потоа ќе се сретне со Германија, па со Алжир, а за да замине во Париз мора да биде меѓу првите две селекции во својата група.

Ова е комплетниот список на Хрватска на Дагур Сигурдсон;: Доминик Кузмановиќ, Матеј Мандиќ, Филип Ивиќ, Марин Јелиниќ, Давид Мандиќ, Звонимир Срна, Тин Лучин, Марко Мамиќ, Домагој Дувњак, Игор Карачиќ, Филип Вистороп, Матео Марвра , Марио Шоштариќ, Филип Главаш, Марин Шипиќ, Томислав Кушан, Јаков Гојун, Никола Граховац, Златко Раужан, Давор Чавар.