Како што пренесуваат англиските и шпанските медиуми, лондонскиот премиерлигаш Арсенал го договори првото јануарско засилување.
Станува збор за фудбалер од Лас Палмас кој игра навистина феноменално, а се вика Алберто Молеиро и сите го гледаат како новиот Санти Казорла.
Како што пренесуваат британските медиуми, Арсенал ја активирал откупната клаузула за овој играч кој има 21 година и таа изнесува 60 милиони евра, а целата зделка ќе биде комплетирана во јануари.
Доаѓањето на Молеиро треба да биде големо засилување за Арсенал кога станува збор за напаѓачките опции.
Алберто е производ на академијата на Лас Палмас, а претходно беше поврзуван со лидерот во Премиер лигата, тимот на Ливерпул.
Може да игра како офанзивен играч за врска, но и како крилен напаѓач, а многумина го споредуваат со легендата на Барселона, Андрес Иниеста поради неговата голема визија и креативност.
Покрај тоа што има многу добро додавање, Молеиро има и многу динамичен дриблинг, и секогаш е закана за противниците во последната третина од теренот.
Оваа сезона постигна четири гола на 17 одиграни натпревари, а на 128 одиграни натпревари во кариерата постигна 11 гола и забележа 13 асистенции во сите натпреварувања.
Арсенал моментално е на третото место на табелата, а второпласираниот Челзи има четири, додека првопласираниот Ливерпул има шест бода повеќе од „топџиите“.