Новинарка од Радио Слободна Европа уапсена во Русија – не се регистрирала како „странски агент“

159
Фото: Wikipedia

Руско-американската новинарка Алсу Курмашева е уапсена во рускиот град Казан, објави нејзиниот работодавач Радио Слободна Европа/Радио Слобода, цитиран од француските медиуми.

Таа станува втората американска новинарка приведена во Русија во 2023 година, по новинарот на Волстрит џурнал, Еван Гершкович.

Алсу Курмашева е обвинета дека не се изјаснила оти е „странски агент“, обвинение кое носи затворска казна до пет години, се вели во соопштението на приватната медиумска компанија, која е финансирана од американскиот Конгрес.

Новинарката, која вообичаено живее во Прага со сопругот и децата, морала да отпатува за Русија од „итни семејни причини“ на 20 мај и била привремено уапсена на 2 јуни пред нејзиниот лет за враќање од Казан, објаснува Радио Слободна Европа/Радио Слобода.

Нејзиниот американски и руски пасош и се одземени и таа не може да ја напушти Русија додека конечно не биде објавено обвинението.