Помина низ многу во кариерата, а сега успеа да ја оствари најголемата победа! Искусниот Холанѓанец Ботик ван де Зандшулп го победи Карлос Алкараз на САД Опен само две години откако мораше да го повтори своето име пред новинарите во Њујорк и да им го објасни своето име! „Ботик ван де Зандшулп… Да, малку е незгодно со ш“, изјави холандскиот тенисер во 2022 година, а сега го совлада поранешниот број еден со 6:1, 7:5, 6:4.

Откако сега го совлада некогашниот најдобар во светот и финалист на Олимписките игри, откри дека пред само неколку месеци размислувал да стави крај на кариерата! Дваесет и осум годишниот Холанѓанец моментално е 74. на АТП листата, што е далеку од 22. место кое го држеше во 2022 година. Претходно знаеше дека може да стигне до четвртфиналето во Њујорк, но повредите го натераа да размисли дали е време да ја заврши кариерата.

„Да, размислував да се пензионирам, се разбира поради начинот на кој се одвиваа работите. Се повредив минатата година, се уште имам проблеми со таа повреда. Продолжив да играм со болките и имаше шанси да престане. Се разбира, си дадов рок до крајот на годината да видам како ќе напредуваат работите, но сериозно размислував да се пензионирам“, рече Ван де Зандшулп.

Во првиот сет едноставно го исчисти, дозволувајќи му да земе само еден гем, а во вториот двапати беше скршен. Алкараз на својата прес-конференција истакна дека едноставно немал шанси на овој меч и дека во одредени моменти не знаел што да направи за да го скрши својот ривал, можеби утре ќе бидам поемотивен поради што се случи“, изјави Ботик ван де Зандшулп.

Роден е во Вагенинген, Холандија. и го направи својот пат до врвот на тенисот на Отвореното првенство на САД во 2021 година кога стигна до четвртфиналето, каде што загуби од  Данило Медведев. Следната година продолжи да игра добро и одигра 12 грен слем натпревари, досега најмногу во кариерата. Оваа сезона е на шест, ќе видиме до каде ќе стигне. Досега во кариерата има одиграно две финалиња на АТП, двете во Минхен и двете ги загубил од Холгер Руне. Одличен е и во двојки, каде најмногу играше со сонародниците Робин Хасе и Талон Грикспор.