Трофејниот аргентински стручњак, Маурицио Покетино, во новата клупска сезона ќе биде менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи. Британските медиуми открија дека Покетино планира да врати на „Стемфорд Бриџ“ белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку кој актуелната сезона ја одработува како позајмен играч во дресот на италијанскиот калчо гигант Интер.