Нова урбана опрема во Ново Лисиче

85

По барање на граѓаните, деновиве се работи на поставување на нови клупи и урбана опрема во повеќе делови од населбата Ново Лисиче, а се санираат или отстрануваат постојните.

-Средени јавни површини и паркови, нови места за дружба и релаксација, современа урбана опрема и повисоко ниво на хигиена се важни приоритети кои настојуваме да ги оствариме – вели градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, нагласувајќи дека Аеродром ги има најубавите маала и населени места, а како што вели наша обврска е да ги чуваме, одржуваме и унапредуваме локациите во кои аеродромци го поминуваат своето секојдневие.

 

.