Нова СОС-линија за стари лица

83

Црвен крст на град Скопје отвори нова СОС-линија за старите лица.

На оваа линија граѓаните ќе може да се информираат за прашања поврзани со процесот на вакцинација за заштита од ковид-19.

Одговорни на линијата се доктори од Црвен крст и линијата е отворена секој работен ден од 8 до 17 часот.