Нова снежна покривка во Битола: Се чистат коловозите од новиот снег во градот

59

Екипи на локалните јавни претпријатија во Битола, задолжени за одржување на сообраќајниците и тротоарите во зимски услови, утрово го чистат новиот снег во градот.

Снежната покривка се отстранува од најфрекфентните коловози, сообраќајниците кои водат кон општините Ресен, Прилеп, Могила и Новаци, како и кон граничниот премин Меџитлија.

Нема пречки во сообраќајот кон објектите со приоритет, а во зависност од снежниот интензитет комуналните екипи ќе чистат и на други локации во градот и околината.