Нова пристапна рампа во Домот на културата во Ѓорче Петров

295

Општината Ѓорче Петров го подобри пристапот во Домот на културата во Ѓорче Петров.

-Наместо неадекватната рампа, изградивме нова стандардизирана пристапна рампа со две монтажни патеки кои треба да ги премостат скалите во внатрешноста на Домот, информираат надлежните служби.

Од Општината велат дека досега имаат изградено 14 пристапни рампи во сите јавни установи на своја територија. Оваа година останува да се реши и вертикалната пристапност во основните училишта.
-Нашите заложби се за рамноправност, целосно и достоинствено уживање на човековите права на лицата со хендикеп. Се залагаме и работиме на создавање општество без разлики и еднаквост за сите. Секој заслужува еднаква шанса за остварување на своите права, потенцираат општинските власти.