Нова понуда за Госенс

53

Раководните лица на германскиот бундеслигаш Баер од Леверкузен ќе се обидат и за време на зимскиот преоден рок да ги осигураат услугите на офанзивниот бек од редовите на италијанскиот калчо гигант Интер, Робин Госенс. Репрезентативецот на Германија нема статус на стандарден првотимец и затоа челниците на популарните „фармацевти“ се подготвени да испратат нова официјална понуда која нема да биде помала од 20 мил. евра.