Нова книга: „Јазик и леб“ од Славе Ѓорго Димоски

217

„Јазик и леб“ е насловот на најновата поетска книга од Славе Ѓорѓо Димоски, која излезе од печат во издание на ПНВ „Публикации“ од Скопје.

Книгата се појави во знак на шеесет години живот и четириесет години од излегувањето на неговата прва книга „Гравири“ и во неа се поместени шеесет песни. „Новите песни на Димоски опфаќаат и некои актуелни теми со кои е опфатено нашето општество па оттаму и индикативниот наслов ‘Јазик и леб’. Од посебно значење е што овој најнов ракопис на Димоски, правејќи чекор потаму од позицијата на која досега беше ситуирана неговата поезија, истовремено транспарентно се врти кон читателот со атрибутите кои и досега неа ја одбележуваа како своевиден врв во современата наша поезија“, велат издавачите на книгата. Ова е четиринаесетта книга на Ѓорѓо, а деветнаесет одделни избори се објавени на странски јазик.