„Чистка“ е наслов на новиот роман на современата финска писателка Софи Оксанен во издание на Готен.
Романот е возбудлива и напнатата приказна за две жени следени од своето минато и мрачната, неискажана историја што ги поврзува. Кога Алијда Тру, постара жена што живее сама во едно естонско село, ќе ја пронајде разбушавената и неуредна девојка легната во нејзиниот двор, таа ги потиснува своите сомнежи и и понудува засолниште.
Зара е пребегната млада жртва на сексуална трговија, но фотографијата што ја носи со себе наскоро покажува дека пристигнувањето во домот на Алијда не е случајност.
Набрзо нивната драма добива силен интензитет, при што од под површината излегуваат голем број напластени приказни за ривалството, страст и загубата одиграни врз фонот на еден од најлошите периоди во историјата на Естонија.