„Пораки за идни времиња“ е наслов на новата книга од проф. д-р Стефан Влахов-Мицов во издание на „Матица македонска“ од Скопје.
Познатиот автор во воведниот дел пишува за суштествени настани, дела и личности, кои оставиле длабок печат во македонската историска реалност, а посебен акцент става на историското осмислување на македонската судбина, видена низ призмата на делата на Ѓорѓија Пулевски, Крсте Петков Мисирков, Кочо Рацин, Ацо Шопов и Блаже Конески.
Во вториот дел од книгата пак, пишува за творештвото на Гане Тодоровски, Раде Силјан, Блаже Миневски, Петре М. Андреевски и Анте Поповски.
Влахов – Мицов (Габрово, 1956) е автор на богат научен, книжевен и публицистички опус, а неговата книга „Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет“ предизвика голем интерес кај научната јавност и кај широката читателска публика.