НОВА КНИГА ОД БАКМАН: “Баба ми ве поздравува и ви се извинува” на македонски

173

„Баба ми ве поздравува и ви се извинува“ од шведскиот мегаактуелен писател Фредрик Бакман е нова книга во издание на „Антолог“ од Скопје, во превод на Ирена Трајкова.

Бакман важи за еден од најчитаните и најпродаваните шведски автори во светот и конечно и македонската публика ќе има можност да ги чита на македонски неговите бестселери што ги освоија читателите со смислата за хумор и оригиналните ликови. Романот зборува за девојче чија баба умира и остава зад себе серија писма, испраќајќи ја малата внука на патување што го оживува светот на бајките измислен од нив двете.

Елса има седум години и е поинаква од своите врснички. Нејзината баба има седумдесет и седум години и е тотално откачена. На пример, има навика од својот балкон да гаѓа непознати луѓе со пејнтбол-топчиња. Две различни, а блиски перспективи. Бабата е најдобрата другарка на Елса. Всушност, единствената другарка…

Наскоро во издание на „Антолог“ ќе излезат уште два романи бестселери од Бакман – „Човекот по име Уве“ и „Брит-Мари беше овде“, кои се и филмувани.