НОВА КНИГА: “Крусо” од Луц Зајлер на македонски

60

„Крусо“ е наслов на новата книга од германскиот писател Луц Зајлер во издание на Готен. За овој роман, Зајлер ја доби Германската книжевна награда и наградата „Уве Јонсон“. Во 2018, според овој роман е снимен истоимениот филм.

Година 1989, се ближи крајот на Студената војна. Младиот студент по литература Ед бегајќи од големата лична трагедија заминува на балтичкиот остров Хидензе.

Обвиен под превезот на митовите, островот е позната дестинација за хипиците, идеалистите и за оние што не се согласуваат со системот во Источна Германија. На островот, Ед завршува во „Еремитот“, најпопуларниот ресторан на Хидензе, како мијач на садови.

Иако има намера да се држи настрана, Ед е привлечен од харизматичниот Крусо, неофицијалниот водач на сезонските работници на островот. Сите танцуваат според нотите на Крусо. Тој се наоѓа на мисија – но за која цел и по која цена?…