Нова книга: “Времиња на игра. Детство во Трансилванија” на македонски

84

“Времиња на игра. Детство во Трансилванија” е насловот на новата книга на романскиот писател Клаудиу М. Флоријан која неодамна излезе од печат во издание на “Антолог” од Скопје. Романот е добитник на престижната Награда за литература на Европската Унија за 2016 година, а преводот на македонски е на Ермис Лафазановски.

“Ова дело, опиено од мирисите на детските игри и на убавите спомени, ги опишува настаните поврзани со едно мешано германско-романско семејство што живее некаде близу градот Брашов во 70-тите години на 20 век, видени и пренесени преку очите на едно шестгодишно дете. Живеејќи помеѓу два различни менталитети, на германските Саси и на романските Олтенци, момченцето се обидува да ги опише и да ги разбере премрежињата низ кои минале неколку генерации од двете семејства, притоа опишувајќи ги парадоксите на различните идеологии, култури и религии конфронтирани на различни нивоа”, стои во најавата на издавачот.