Нова ерупција на Етна – облак од пепел и чад го ограничи слетувањето на авиони на аеродромот во Катанија/видео

280
Фото: EPA-EFE/ORIETTA SCARDINO

Вулканот Етна вечерва повторно еруптираше.

Вулканската активност на Етна е интензивирана во последната недела откако дојде до повеќе ерупции.

Огромен облак од пепел и чад го ограничи слетувањето на авиони на аеродромот во Катанија. Неколку летови беа пренасочени на аеродромите во Палермо и Комисо, бидејќи пилотите имаат проблеми со видливоста.