Русија утрово побара украинските сили кои се кријат во хемиската фабрика „Азот“ во Северодоњецк да го положат оружјето и да се предадат.
Украина соопшти дека повеќе од 500 цивили и непознат број војници се заробени во „Нитроген“, хемиска фабрика каде што се криеле од руското бомбардирање што остави голем дел од градот во урнатини.
Михаил Мизинцев, шеф на рускиот Национален центар за управување со одбраната, изјави за новинската агенција „Интерфакс“ дека украинските војници треба „да престанат со својот бесмислен отпор и да го положат оружјето“.
Тој вети дека цивилите ќе можат да се евакуираат преку хуманитарниот коридор – иако неговите зборови доаѓаат еден ден откако беше објавено дека два од трите моста надвор од градот се уништени, а третиот е стар и небезбеден.
Гувернерот на Луганск, Сергеј Гајдаи, изјави дека цивилите во „Азот“ не можат повеќе да издржат во засолништата и дека „нивната ментална состојба е на граница.