Нова водоводна мрежа на улицата „Коле Неделковски“

144

Општина Центар во соработка со јавното претпријатие „Водовод и канализација“ започна со инсталација на комплетно нова водоводна мрежа  на улицата „Коле Неделковски“. Таа ќе биде во должина од 87 метри.

Како што информираат од Општината, предвидено е активностите да завршат за две недели, по што жителите на овој дел ќе добијат поквалитетна и почиста вода за пиење.