Новата Поликлиника во Сарај ќе обезбеди квалитетна здравствена заштита за 45 илјади жители  

Инвестиција во здравството вредна 1,3 милиони евра

66

Поликлиниката Сарај денеска и официјално беше пуштена во употреба од страна на премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот Артан Груби и министерот за здравство Фатмир Меџити. Како што кажа министерот Меџити во оваа установа ќе се обезбедуваат здравствени услуги за превентивна здравствена заштита, односно ќе функционираат вакцинални пуктови за деца од предучилишна и училишна возраст со превентивна детска стоматологија, како и специјалистичко–консултативна здравствена заштита.

 

 

Отворена нова здравствена установа, Поликлиника во Сарај која во иднина ќе обезбедува квалитетна здравствена заштита за граѓаните од над дваесетина населени места во овој реон. Поликлиниката Сарај вденеска и официјално беше пуштена во употреба од страна на премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот Артан Груби и министерот за здравство Фатмир Меџити. Како што кажа министерот Меџити оваа здравсвена установа е наменета за околу 45 илјади граѓани кои што се од населените места  Бојане, Матка, Копаница, Чајлане, Буковиќ, Кондово, Љубин, Радуша, Шишево, Горно и Долно Свиларе, Грчец, Крушопек и Ласкарци.

-За населението од овој регион ќе има квалитетна здравствена услуга.Досега, пациентите од оваа општина ги користеа здравствените услуги во најблиската поликлиника Ѓорче Петров. Ова е заеднички успех со кој треба да се гордееме- посочи Меџити.

Новата поликлиника ќе биде дел од Здравствен дом Скопје и со што ќе придонесе за уште поефикасна здравствена заштита на населението во делот на примарното здравство.

-Во неа ќе се обезбедуваат здравствени услуги за превентивна здравствена заштита, односно ќе функционираат вакцинални пуктови за деца од предучилишна и училишна возраст со превентивна детска стоматологија, информира Меџити и дополни дека  покрај превентивните служби, во Поликлиниката ќе се обезбедува и специјалистичко–консултативна здравствена заштита.

Поликлиниката е опремени се најсовремена биохемиска лабораторија, кабинет за рендген дијагностика, ОРЛ кабинет и кабинет за дерматовенерологија.

 – За успешно функционирање на поликлиниката обезбеден е и стручен медицински кадар, за што во декември, минатата година беа реализирани 26 нови вработувања од разни профили, како што се доктори на медицина, медицински сестри, лаборанти и друг кадар наменети за Поликлиника Сарај нафласи министерот Меџити и дополни дека ова е само потврда дека има максимална посветеност кон зајакнување на јавното здравство преку подобрување на инфраструктурата, набавка на нова опрема, нови лекови и вложување во човечкиот капитал.

Меџити нагласи дека со истото темпо продолжуваме и во следниот период.

Премиерот Димитар Ковачевски потенцираше дека здравјето на граѓаните е врвен приоритет, истакнувајќи дека ги исполнуваат долгогодишните очекувања и потреби на граѓаните од овој дел на Скопје.

– Првпат жителите на Сарај добиваат примарна здравствена грижа во нивното место за живеење. Со новата поликлиника, се олеснува пристапот до квалитетен здравствен третман на жителите во оваа општина-кажа премиерот Ковачевски.

Поликлиника Сарај е инвестиција вредна близу 1,3 милиони евра.

-Се работи за  буџетски средства, обезбедуваме современи услови за лекување и здравствени услуги за превентивна здравствена заштита, рече Ковачевски и дополни дека има посветеност кон зајакнување на јавното здравство преку подобрување на инфраструктурата, набавка на нова опрема, нови лекови и вложување во човечкиот капитал.

(В.Ма.)