Светскиот тениски рекет број еден Новак Ѓоковиќ, на грен слем турнирот САД Опен ќе воведе една новина. Не станува збор за нешто поврзано директно со тенискиот терен, туку за тоа што на раката ќе има нов часовник, бидејќи потпиша договор со познатитот швајцарски производител на луксузни часовници „Хублот“.
Ѓоковиќ за новиот спонзорски договор се пофали на својот профил на друштвената мрежа Инстаграм, а на раката блескаше новиот часовник „Биг Бенг Мега – 10“, чија вредност е околу 17.000 евра.
-Никогаш не сум носел часовник за време на меч, така што ова ќе биде нова авантура за мене. Одбрав син часовник, бидејќи и останатиот дел од опремата ќе биде сина, напиша Ѓоковиќ, кој неодамна го потпиша договорот со францускиот производител на спортска опрема „Лакост“ за што на својата сметка ќе инаксира 40 милиони евра.
Со овој потег Новак им се придружи на водечките тенисери кои имаат спонзорски договори со разни производители на часовници. Швајцарецот Роже Федерер е заштитно лице на „ Rolex“, а Рафаел Надал на „Richard Mille“
Хублот одамна е присутен во светот на спортот, бидејќи соработува со некои од најдобрите фудбалски клубови во светот, како што се Јувентус, ПСЖ и Баерн Минхен, а застапен е и во најбрзиот циркус на денешницата – Формула 1.