Францускиот новинар Беноа Мејлин, смета дека Новак Ѓоковиќ се уште не кажал се што има во светот на тенисот, па во својот подкаст ги критикуваше сите оние кои мислат дека ерата на неговата доминација е завршена.
“Каде е Ѓоковиќ? Затоа што знаеме дека се квалификувал за финалето на АТП. Ајде да разговараме! Тие велат: “Овој човек е изгорен, повеќе не е мотивиран, нема да освои gрен слем”. Стоп! Зборуваме за Новак“, вели Мејлин и додава.
„Ние имаме тенденција да заборавиме дека во 2023 година тој освои три од четирите gрен слемови, плус АТП-финалето, што го нема направено од 2015 година. Оваа година, и покрај операцијата на коленото, тој по секоја цена го сакаше олимпиското злато околу вратот. Тој го направи тоа Олимписката титула, која ја бркаше од 2008 година, мораше да ги наполни батериите.
„Ѓоковиќ знае дека времето му истекува, на 22 мај наредната година ќе наполни 38 години. Па направи пауза за да се регенерира. И се обложувам дека ќе биде многу опасен во 2025 година. Додека не освои 25 грен слем титули? Да. И зошто не и 26, нема многу фаворити на земјена подлога или трева, па можете да видите зошто размислувам вака“, заклучи Мејлин.