epa10316682 Novak Djokovic of Serbia in action against Casper Ruud of Norway during the singles final of the Nitto ATP Finals 2022 tennis tournament at the Pala Alpitour arena in Turin, Italy, 20 November 2022. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO ITALY OUT

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ освои апсолутно сè што може да се освои и моментално, барем како што велат неговите обожаватели на социјалните мрежи, е на активна, проштална турнеја. Тоа значи дека тој и понатаму сака да игра, но само грен-слемови, додека мотивацијата не му е на највисоко ниво и затоа се труди да игра на што повеќе различни турнири и да запознае други култури, да ја сподели радоста со публиката ширум светот.

Оттука и одлуката дека планот за крајот на 2024 година ќе биде сосема поинаков од досега. Така, оваа недела, Ѓоковиќ играше во Бугарија, сосема ненадејно, на егзибициски турнир со својот пријател Григор Димитров, а потоа објави дека неговиот распоред е прилично празен и дека нема намера да го пополни.

– Прв пат во кариерата немам долгорочни планови. Живеам во овој миг сега и ќе видиме што ќе се случи. Играв со Григор во Софија, па ќе одам во Кина, па на егзибициски турнир во Саудиска Арабија. Не знам, ќе видиме што ќе се случи до крајот на сезоната. За мене е важно времето со семејството, сакам да бидам со сопругата и со децата, да учествувам во нивните животи, што не можев да го направам во годините досега – рече Ѓоковиќ за тоа што најмногу му недостига во моментов, велејќи дека воопшто не е оптоварен со тоа кој ќе настапи на завршниот мастерс во Торино.

Едноставно, досега на поинаков начин ги правеше приоритетите, што значи дека, можеби, полека се ближи крајот.

Така, доаѓа на мастерсот во Шангај од 2 до 13 октомври (го освои четири пати, а не играше пет години), а потоа, од 17 до 19, игра во Саудиска Арабија, со уште петмина големи играчи: Алкараз, Надал, Руне, Синер и Медведев. Засега нема најави дека ќе учествува во Париз од 28 октомври, и без тој турнир, тешко дека ќе го видиме во Торино.

Можеби е подобро така, ќе има доволно време за одмор до почетокот на Австралија опен, каде што би можел да цели на својот 25. грен- слем, со што апсолутно би ги „запечатил“ сите рекорди во тенисот. По тоа, тешко дека ќе има мотивација колку и да се труди.