Најдобриот тенисер на сите времиња Србинот Новак Ѓоковиќ, се бори за место на завршниот Мастерс во Торино, а моментално е прв под линијата.
Тој ја зазема деветтата позиција со 3.260 бодови, а за пласман на тунирот, на кој ќе настапт најдобрите осум тенисери во светот од 10 до 17 ноември ќе му треба добар резултат во Шангај (2-13 октомври).
Осмопласираниот Алекс де Минор (3.305) се бори со повреда, не беше ниту пријавен за завршниот турнир во Дејвис купот, па големо прашање е дали воопшто ќе игра до крајот на годината. Шестопласираниот Каспер Руд (3.795) беше елиминиран веднаш во Токио, а истата судбина го снајде и Тејлор Фриц (3.890), петтопласираниот на оваа ранг листа.
Седмопласираниот Андреј Рубљев (3.480) се уште е во ждрепката во Пекинг, како и Данил Медведев (4.420). Учество во Торино претходно обезбедија Јаник Синер, Саша Зверев и Карлос Алкараз. Што се однесува до оние што му дишат во врат на Новак, најблиску е Григор Димитров (2.835), кој се повлече од Пекинг, Томи Пол (2.785) игра во Токио, додека Стефанос Циципас (2.735), Хуберт Хуркач (2.640) и Френсис Тиафо (2.60) беа елиминиран на стартот на турнирот во главниот град на Јапонија.
Инаку, Новак покрај во Шангај, треба да игра и во Париз каде ја брани титулата.