Нобелова награда за мир 2023:Доминација на кандидати од Украина

54
epa10024632 The 2021 Nobel Peace Prize is held by a handler before the start of an auction benefiting Ukrainian children, at The Times Center in New York, New York, USA, 20 June 2002. The 2021 Nobel Peace Prize was given to Dmitry Muratov, editor-in-chief of the influential Russian newspaper Novaya Gazeta. All proceeds will support UNICEF's humanitarian efforts to support children and families forced to flee Ukraine and those internally displaced. EPA-EFE/JASON SZENES

Од шефот на НАТО до претседателот на Украина, многу од кандидатите предложени за Нобеловата награда за мир во 2023 година се поврзани со војната во Украина, но тоа не значи дека тие се фаворити, беше објавено денеска во Осло.

Помеѓу поединците и организациите предложени до Норвешкиот Нобелови комитет, неколкуте имиња што беа објавени во јавноста се главно поврзани со војната во Украина или противењето на рускиот претседател Владимир Путин.

Според статутот на Нобеловата фондација, листата на кандидати се чува во тајност најмалку 50 години. Сепак, неколку илјади спонзори, вклучувајќи парламентарци, министри, поранешни победници или индивидуални универзитетски професори, слободно го откриваат идентитетот на нивните фаворити.

Името на добитникот на Нобеловата награда за мир обично се објавува на почетокот на октомври, заедно со добитниците на Нобеловата награда во другите категории (за медицина, физика, хемија, литература и економија).

Секоја година неколку стотици имиња се предлагаат за Нобеловата награда за мир. Минатата година ги имаше 343.

Норвешки локален функционер од популистичката десница рече дека го предлага украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој стана симбол на отпорот на руската инвазија започната на 24 февруари минатата година.

Норвешки пратеник го поднесе името на својот сонародник Јенс Столтенберг, за кого смета дека „заслужува награда за неговата примерна работа како генерален секретар на НАТО во тежок период за Алијансата, што е брутална офанзива против мирна соседна земја“.

Во игра е и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој беше номиниран од претседателот на пакистанскиот Сенат поради неговите мировни напори „пред и за време на руско-украинската војна“.

Од противниците на Кремљ се предлагаат Алексеј Навални, кој е во руски затвор по обид за труење, како и новинарот Владимир Кара-Мурза, исто така во затвор откако преживеал, како што вели, два обиди за труење.

Во претходните две години, критичарите на Кремљ беа наградени.

Минатата година наградата отиде во рацете на тројца добитници и тоа руската невладина организација Меморијал, за која руското праводустство нареди да биде распуштена, украинскиот центар за граѓански слободи и затворениот белоруски активист Алес Бјалјацки.

Нобеловата награда за мир за 2021 година им беше доделена на главниот уредник на рускиот весник „Новаја газета“, Дмитриј Муратов и на филипинската новинарка Марија Реса за нивниот придонес во слободата на изразување, која е ограничена во нивните земји.

Директорот на Институтот за мировни истражувања во Осло, Хенрик Урдал, смета дека е малку веројатно Нобеловиот комитет годинава да додели награда поврзана со Русија и Украина, за да не биде означена како „евроцентрична“.

Се сомневам дека трет пат по ред ќе доделат награда која би се однесувала на Русија“, изјави Урдал.