Холандскиот интернационалец од редовите на беглискиот гигант Клуб Бриж, Ноа Ланг, најверојатно ќе биде првата летна аквизиција на новиот шампион на Италија, тимот на Милан. Фудбалските медиуми информираат дека преговорите помеѓу двата тима се во финалната фаза и дека во следните неколку дена ќе биде договорено и обештетувањето за крилниот напаѓач кое според истите медиуми нема да биде помало од 22 мил. евра.