НЛБ Банка со празнична понуда за потрошувачки кредити со фиксна каматна стапка 

17

НЛБ Банка воведува празнична понуда за потрошувачки кредити со промотивна каматна стапка од само 5,3% и рок на отплата до 95 месеци, овозможувајќи им на своите клиенти да уживаат во претстојните празници.

– Празничната понуда се однесува на сите оние кои ќе аплицираат за потрошувачки кредит до 15 jануари, 2025 година. Аплицирањето за потрошувачките кредити во НЛБ Банка е брзо и едноставно, пришто клиентите можат да изберат дали сакаат да земат кредит директно преку мобилен телефон или во некоја од експозитурите на Банката – велат од НЛБ банка.

Со само неколку клика на мобилниот телефон, клиентите можат да поднесат барање за мКлик кредит до 1.500.000 денари, кој е без трошоци за одобрување, а конкурентата каматна стапка од 5,3% е фиксна за целиот период на отплата на кредитот. Па така, ако сте примател на плата во НЛБ Банка, сè што треба да направите е да ја преземете апликацијата НЛБ мКлик, која е достапна на Google Play и на App store и да го активирате НЛБ мКлик пакетот со право на плаќање. Потоа следете го процесот на аплицирање, внесете го бараниот износ на кредит и рок на отплата и пополнете ги сите потребни полиња.

За само неколку минути по одобрувањето, средствата од кредитот ќе бидат исплатени веднаш, директно на трансакциската сметка на барателот. Дополнително, за потрошувачкиот кредит со истата каматна стапка, клиентите можат да аплицираат и во некоја од експозитурите на НЛБ Банка, каде одобрувањето на кредитот е за помалку од 30 минути.