Kако резултат на намалувањето на каматната стапка на благајничките записи, НЛБ Банка ги намали каматните стапки за 0,5 процентни поени на кредитните картички, инстант кредитите и на дозволеното пречекорување на трансакциска сметка за физички лица.
Новите каматни стапки важат од 01.01.2019 година и се однесуваат за сите нови и постојни договори. Повеќе информации можете да добиете во најблиската експозитура на Банката, на телефонскиот број 02/15-600 или на веб страницата www.nlb.mk